Најбрзиот човек на планетата и осумкратен олимписки шампион, Усеин Болт, е нов фудбалер на англискиот клуб Витеншо Ветс. Тој официјално е регистриран за настап во Премиер дивизијата на ветеранската лига во областа Чешир.
Ова натпреварување е резервирано исклучиво за играчи постари од 35 години. Клубот Витеншо доаѓа од јужниот дел на Манчестер и веќе е познат во јавноста. Минатата сезона тие привлекоа огромно внимание бидејќи во нивните редови настапуваа голем број поранешни ѕвезди од англиската Премиерлига.
За Јамајканецот ова не е прв фудбалски предизвик, со оглед на тоа што по атлетската кариера веќе имаше куси фудбалски авантури. Сега, неговата брзина ќе биде главното оружје на терените во Чешир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
