Јусуф Нуркиќ доби тужба од навивач на Индијана на кого му го фрли мобилниот телефон (ВИДЕО)

Центарот на Портланд, Јусуф Нуркиќ доби тужба од навивач на кого му го фрли телефон по натпреварот со Индијана одигран на 20. март.

Нуркиќ поради повреда не настапи на мечот, но дојде во судир со навивач кој го провоцираше. Внесувајќи му се во лице по кратко убедување му го фрли и телефонот на навивачот на противничкиот тим. НБА лигата поради тој потег го казни кошаркарот од БиХ со 40.000 долари.

Навивачот, наводно, ја пцуел мајката на Нуркиќ и неговата почината баба. Навивачот Стивен Геске ги отфрли таквите тврдења истакнувајќи дека само се шегувал, поради што се одлучил да го тужи Нуркиќ.

Геске во тужбата наведува дека поради тој судир примил многу заканувачки пораки меѓу кои и некои со закана за смрт, па сака да му се исплати отштета за претрпена душевна болка. Тој тврди дека има сведоци кои ќе потврдат дека никого не навредувал.

Стивен Геске е тренер во локално училиште за средно образование и голем навивач на Индијана пејсерс.

Се вчитува...