Големото срце на Нуркиќ, купи куќа на сиромашно семејство од БиХ

Босанскиот интернационалец, Јусуф Нуркиќ ја покажа и својата хуманитарна страна. Центарот на Портланд помогна на сиромашно семејство од Босна и Херцеговина кое живеело во лоши услови со дарување на куќа.

„Семејството живееше во куќа пред распаѓање, без вода, купатило и намештај. Спиеја на под. Откако дозна за ова, Јусуф Нуркиќ нас не контактира со жеба да им купи куќа. Се се одви многу брзо и семејството веќе на почетокот на неделата доби клучеви од новиот дом“- изјавија претставниците на хуманитарната организација.

Ова не е прв случај Босанецот да учествува во хуманитарна акција. Претходна оваа година тој донираше 125 тона храна за семејства кои ги погоди пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Се вчитува...