Јута на чекор од полуфинале на Западот, Филаделфија не ја искористи првата меч топка за полуфинале на Истокот

Филаделфија не успеа да се избори за полуфиналето на Истокот во НБА лигата откако во четвртиот натпревар загуби од Вашингтон со 114-122.

Бил го предводеше Вашингтон до победата со 27 поени, додека најдобар поединец кај Филаделфија беше Харис со 21 поен. Филаделфија сега води со 3-1 во четвртфиналната серија на Истокот.

Јута, пак, дојде до предност од 3-1 во серијата против Мемфис, откако триумфираше во четвртиот меч со 120-113.

Мичел со 22 поени и Кларксон со 18 поени беа најдобрите поединци кај Јута кои ја однесоа до триумфот.

Се вчитува...