Јута поведе против Клиперс, Филаделфија израмни во серијата со Атланта (ВИДЕО)

Јута Џез поведе со 1-0 во полуфиналната серија во Западната конференција против ЛА Клиперс, откако славеше на првиот меч со 112-109. Донован Мичел со 45 поени беше прво име кај „џезерите“, додека во таборот на тимот од ЛА 23 поени уфрли Кавај Ленард.

Џоел Ембид со 40 поени ја водеше Филаделфија до израмнување на 1-1 во серијата против Атланта Хоукс, откако 76. на домашен терен во вториот меч славеа со 118-102. Покрај Ембид добра вечер имаа и Тобајас Херис и Сет Кари кои завршија со 22, односно 21 поен. Кај поразените по 21 поен уфрлија Тре Јанг и Данило Галинари.

Се вчитува...