Јувентус лесно славеше на домашен терен над Џенова со 3-1, натпревар на кој Горан Пандев беше стартер за гостинскиот тим, но без посериозен придонес во играта на својата екипа. Јуве поведе на самиот почеток дека Дејан Кулушевски, по што гостите беа принудени да ја отворат играта и со тоа дополнително да ја олеснат задачата за „старата дама“. Алваро Мората зголеми на 2-0 по извонредниот контранапад на Киеза во кој Роналдо го погоди дирекот. Скамака намали на 2-1 на самиот почеток од второто полувреме, но „резервистот“ Мекени ја запечати победата на Јувентус.
MCKENNIE GOAL ? #JuveGenoapic.twitter.com/iflsjtKjqr
— Juve Canal (@juvecanal2) April 11, 2021
Наполи како гостин ја совлада Сампдорија со 0-2. Тимот на Елиф Елмас со голот на Фабијан Руиз во првото полувреме. Самп во вториот дел успеа да постигне израмнувачки погодок, но тој беше поништен по прегледување со ВАР поради прекршок од стрелецот Торсби, а во 87. минута конечните 0-2 ги постави Осимен. Елмас влезе во игра во 90. минута од овој меч на местото на Лоренцо Инсиње.
Лацио на гостински терен во драматична завршница ја совлада Верона со 0-1. Имобиле го погоди дирекот во првиот дел, во второто полувреме римјаните имаа и поништен гол на Каиседо со ВАР, пред Милинковиќ Савиќ да стрела прецизно со глава во 91. минута за огромни три бода на „лацијалите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА