Јуве ја користи кризата во Сити – Ѕвезда на „граѓаните“ пристигнува во Торино

Манчестер Сити е во тешка ситуација, откако минатиот петок беа суспендирани на две сезони во Лигата на шампионите од страна на УЕФА. Целата ситуација сака да ја искористи италијанскиот шампион Јувентус кој во своите редови сака да го доведе Габриел Жезус.

22-годишниот напаѓач би требало во летниот период да премине во Торино, а сумата на неговиот трансфер ќе се движи од 60 до 80 милиони евра. Жезус сезонава постигна 16 гола, а запиша и девет асистенции во сите натпреварувања.

Покрај Жезус од „старата дама“ се заинтересирани и за услугите на Мауро Икарди кој се наоѓа на позајмица во Пари Сен Жермен.

Се вчитува...