Јуве ја одреди цената: Има ли „будала“ што ќе плати толкаво богатство за Де Лихт

Манчестер Јунајтед го бара Матијс де Лихт во директна размена за Пол Погба, а според последните информации и Реал Мадрид подготвува летна офанзива за холандскиот дефанзивец. Јувентус минатото лето ја доби борбата со Барселона за да го потпише капитенот на Ајакс, Де Лихт не беше импресивен во дебитантската сезона во Серија А, но на сите им е јасно дека станува збор за фудбалски бисер, па „старата дама“ не ни помислува така лесно да се откаже од неговите услуги.

Италијанските медиуми обелоденија дека Јувентус ја одредил и цената за Де Лихт, а таа изнесува неверојатни 150 милиони евра. Станува збор за сума со која Холанѓанецот би бил убедливо најскап одбранбен фудбалер, но повеќе од јасно е дека со неа Јуве планира веднаш да ги „исплаши“ заинтересираните клубови и да го задржи одличниот дефанзивец уште долго во Торино.

Доколку „старата дама“ остане на ставот, тешко дека ќе се најде „будала“ што во период на финансиска криза ќе издвои толкаво богатство за нов одбранбен фудбалер.

Се вчитува...