Јуве ја одреди цената – Роналдо вреди колку Пјаниќ

Кристијано Роналдо покажа огромна солидарност откако меѓу првите прифати намалување на платата за да му помогне на Јувентус, но раководството на „старата дама“ сепак не планира да го задржи Португалецот по завршувањето на сезонава. Тој се уште е најдобар фудбалер на Јуве, но проблем за „црно-белите“ претставува неговата огромна плата од 31 милион евра по сезона, плус бонуси, што италијанскиот гигант ќе има потешкотии да ја покрие во ситуација на економска криза.

Токму поради ова е донесена одлуката Кристијано да биде продаден, а воедно е одредена и сумата што италијанскиот шампион планира да ја добие од неговата продажба. Станува збор за 60 милиони евра, пари што потоа Јувентус би ги инвестирал во Мауро Икарди, фудбалер што е многу помлад од Португалецот, а воедно би заработувал и четири пати помала плата од Роналдо. Во пол-позиција во трката по Роналдо е ПСЖ, иако во последно време се погласно се шпекулира и за негово враќање во Реал Мадрид.

Јувентус за Роналдо бара иста сума како и за Миралем Пјаниќ, кој исто така се наоѓа на листата на играчи кои следното лето би требало да си заминат од клубот. Босанскиот интернационалец го загуби првотимскиот статус кај Сари, а со најавените трансфери на Погба и на Тонaли е јасно дека тој ќе треба да ги смени клупските бои. ПСЖ покажува сериозен интерес и за овој фудбалер на Јувентус, за кого се интересираат и неколку англиски премиерлигаши.

Се вчитува...