Кристијано Роналдо без премногу дилеми го прифати намалувањето на плата во висина од 3,8 милиони евра до крајот на сезонава, но тоа нема да биде доволно за Португалецот да остане во Јувентус и во текот на следната сезона. Италијанскиот првак заштеди 90 милиони евра од колективното кратење на платите, но загубите на „старата дама“ од хаосот што владее поради коронавирусот ќе бидат многу повисоки.
Јувентус ќе остане најбогат клуб во Италија, но претседателот Ањели сериозно ја разгледува опцијата за намалување на трошоците, а далеку на врвот на листата најплатени фудбалери е токму Роналдо. Португалецот заработува 31 милион евра годишно, неговата бруто-плата изнесува 54 милиони евра, па јасно е зошто Ањели и покрај високото мислење за големиот ас сега е подготвен да разгледува понуди за негов трансфер.
ПСЖ веќе покажа сериозен интерес за фудбалската мегаѕвезда, „светците“ се инвестираат со катарски капитал и лесно можат да ја покријат неговата плата, особено откако УЕФА објави дека поради големата криза ќе ги укине правилата за финансиски ферплеј. До Јувентус ќе биде доставена понуда од 50 милиони евра, двојно помала сума од онаа што пред две години беше платена на Реал Мадрид, но италијанскиот првак сериозно размислува да прифати ваква опција, па потоа парите да ги инвестира во Мауро Икарди, кој ќе зема трипати помала плата од Кристијано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА