Јуве објави: Роналдо продаден за три милиони евра годишно!

Манчестер Јунајтед во текот на денешниот ден ќе го официјализира трансферот на Кристијано Роналдо, а раководството на Јувентус утрово ги обелодени финансиските детали од договорот со англискиот гигант.

Иако се шпекулираше за отштета од 30 милиони евра, Јуве според сопствената објава ќе добие само 15 милиони евра. Згора на тоа, оваа сума ќе биде исплатена на пет годишни рати, што ќе значи дека „старата дама“ го загуби еден од најдобрите фудбалери на денешницата за три милиони евра годишно.

Според договорот на двата клуба, Јуве би можел да заработи и дополнителни осум милиони евра, доколку се активираат неколку клаузули поврзани со настапите на Кристијано и трофеите што Португалецот би ги освоил со новиот клуб.

Се вчитува...