Јуве остана без важен адут за мечот во Амстердам

Јувентус се соочи со неочекуван проблем пред тргнувањето за Амстердам, откако Џорџо Кјелини во последен момент отпадна од комбинација за настап на првиот четвртфинален натпревар против Ајакс. Искусниот дефанзивец се пожалил на повреда на мускулот по вчерашниот тренинг на „старата дама“, а лекарскиот тим по деталните прегледи ставил до знаење дека Кјелини не е во состојба да настапи на „Јохан Кројф Арена“.

Покрај Кјелини, Алегри нема да може да смета ниту на помошта на Емре Џан. Германецот го повреди скочниот зглоб на дербито со Милан и мораше да биде заменет уште во првото полувреме, па иако повредата не е премногу сериозна ризикот е преголем, па стручниот штаб реши и тој заедно со Кјелини воопшто да не патува за Холандија.

Како што и претходно беше најавено, Кристијано Роналдо е дел од експедицијата на Јувентус, а Алегри непосредно пред мечот ќе открие дали Португалецот ќе се појави од првата минута на теренот.

Се вчитува...