Јуве во финишот го скрши отпорот на Сасуоло (ВИДЕО)

Јувентус успеа да дојде до нова победа во Серија А, триумфирајќи со 3-1 против Сасуоло во 17. коло.

„Црно-белите“ до победата дојдоа со головите во самиот финиш од мечот… Најпрво Арон Рамзи во 83. минута донесе предност од 2-1 за Јуве, а потоа во 92. минута Роналдо заокружи на 3-1.

 

Претходно, Данило во 51. минута донесе предност од 1-0 за Јувентус, но Дефрел израмни во 59. минута.

 

Со оваа победа Јувентус со 33 бода го одржува ритамот со водечката тројка, Милан, Интер и Рома кои имаа и натпревар повеќе од тимот од Торино.

Се вчитува...