Фудбалерите на Јувентус во крајно интересен натпревар славеа на домашен терен со 3-2 во градското дерби против Торино како дел од последниот натпревар од 24. коло во италијанската Серија А.
Гостите до водство од 0-1 стигнаа со погодокот на Карамо уште во 2. минута од натпреварот. На 1-1 израмни Квадрадо во 16. минута. Торино повторно поведе со голот на Санабрија во 43. минута (1-2), а до крајот на првиот дел беше 2-2 откако за „старата дама“ стрелаше Данило во судиското надополнување.
Во вториот дел клучниот момент се случи во 71. минута кога Бремер донесе водство 0од 3-2 за избраниците на Масимилијано Алегри, додека победата ја запечати Рабио во 81. минута (4-2).
BREMER GOALpic.twitter.com/SVwQmL7tQH
— Juve Canal (@juve_canal) February 28, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА