Јувентус без Мората и Дибала на мечот против Верона

Јувентус им се врати на победите во Серија А, а шанса за нова победа ќе има викендов во мечот против Верона. Сепак, Андреа Пирло се соочува со проблеми пред натпреварот. Имено, Алваро Мората не тренира од средата поради проблеми со цитомегало вирусот, поради кој има и несвестица.

Останува да се види што ќе се случува во следните денови, но тој дефинитивно нема да може да настапи на мечот од Серија А. Покрај Мората, Андреа Пирло нема да може да смета ниту на Паоло Дибала кој исто така нема да биде на располагање поради повреда.

Се вчитува...