Јувентус допатува во Кардиф: Дојдовме по трофејот (ФОТО)

Италијанскиот првак Јувентус допатува во Кардиф, каде утревечер ќе го игра финалето во Лигата на шампионите против актуелниот освојувач Реал Мадрид. Џиџи Буфон и соиграчите најавуваат голема борба за трофејот, посакувајќи на крајот да го земат со себе во Италија.

„Дојдовме по трофејот, кратко и јасно“, истакна Буфон, по слетувањето.

juve 2

Фудбалерите на „старата дама“ под големо обезбедување се упатија веднаш кон хотелот, а во вечерните часови ќе го одржат и единствениот тренинг во Кардиф, во пресрет на утрешното големо финале.

juve 3

Се вчитува...