Јувентус еден час се мачеше, па на крај славеше убедливо со Специја (ВИДЕО)

Јувентус ја запиша и 14. победа во Серија А сезонава, триумфирајќи со 3-0 против Специја во 24. коло.

„Старата дама“ повеќе од еден час се мачеше против аутсајдерот, а потоа со два гола во само девет минути си ги обезбеди трите бода.

Најпрво во 62. минута погоди нововлезениот Мората, а потоа и во 71. минута на 2-0 заокружи Киеза…

Juventus [1] – 0 Spezia – Alvaro Morata 62′ from r/soccer

Во 89. минута Кристијано Роналдо заокружи на 3-0.

Со оваа победа, Јувентус сега е со 49 бода, седум помалку од водечкиот Интер, а на само три бода од второпласираниот Милан.

Се вчитува...