Јувентус го „мерка“ Кристијан Пулишиќ

Италијанскиот првак Јувентус „гази“ во Серија А, има големи амбиции во Лигата на шампионите, а раководството на клубот веќе планира нови засилувања. Голема желба на „старата дама“ е Кристијан Пулишиќ, крилниот играч на Борусија Дортмунд.

Американскиот интернационалец игра во одлична форма во дресот на „милионерите“, а има договор до јуни 2020 година со Борусија Дортмунд. Тоа значи дека по истекот на оваа сезона ќе влезе во последната година од договорот, што Јувентус сака да го искористи за да го доведе во Торино.

За Пулишиќ постои сериозен интерес и од Ливерпул, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Барселона, Манчестер јунајтед…

 

Се вчитува...