Јувентус го продава Миралем Пјаниќ

Миралем Пјаниќ во претходните сезони беше главен организатор на играта на Јувентус, но ситуацијата се промени откако Маурицио Сари почна отворено да се сомнева во квалитетите на босанскиот интернационалец. Впрочем, Сари го остави Пјаниќ на клупата на последното дерби со Интер, на кое средниот ред составен од Бентанкур, Рамзи и Матуиди функционираше беспрекорно.

„Старата дама“ веќе го договори трансферот на Кулушевски, а на листата со желби се уште и Пол Погба и Иван Ракитиќ, како јасен знак на Пјаниќ повеќе нема да се гледа како на незаменлив фудбалер. Во ситуација кога ПСЖ покажува сериозен интерес, челниците на Јувентус сакаат да ја искористат можноста и да го продадат интернационалецот од БиХ додека се уште има добра пазарна вредност. Со оглед на фактот дека Пјаниќ има уште три години од актуелниот договор, италијанскиот првак планира да заработи најмалку 60 милиони евра од овој трансфер.

Миралем Пјаниќ е член на Јувентус од 2016 година, кога пристигна од редовите на Рома. Сезонава тој одигра 32 средби во сите натпреварувања, притоа постигнувајќи три гола и четири асистенции.

Се вчитува...