Јувентус го спасува Ериксен од мизеријата во Интер?

Кристијан Ериксен следниот месец дефинитивно си заминува од Интер, а според последните информации лесно може да се случи негова следна дестинација да биде лутиот ривал на „нероаѕурите“, шампионот Јувентус. Според овие информации, Андреа Пирло притиска кај управата на Јуве да му го доведе данскиот плејмејкер, за чии услуги „старата дама“ би го испратила во Интер суперталентираниот Дејан Кулушевски.

Пирло не е задоволен од функционирањето на средниот ред, му недостига „мозок“ на екипата и верува дека токму Ериксен може да одговори на сите негови тактички замисли. Данецот е достапен за сума од 35 милиони евра што го прави интересен за неколку гиганти, а во Јуве се оптимисти дека ќе успеат да излезат како победници од оваа трка.

Адут им е Кулушевски, играч кој требаше да биде огромно засилување по трансферот од Аталанта, но никако не успева да се вклопи во тактичките замисли на Пирло. Швеѓанецот со македонски корени и претходно беше поврзуван со Интер, Јувентус тогаш во „пет до дванаесет“ го осигура неговиот потпис, но сега лесно може да се случи Кулушевски да се пресели на „Џузепе Меаца“ и да биде значаен адут на Конте во вториот дел од сезонава.

Се вчитува...