Јувентус го „здрма“ и Киево во Серија А… (видео)

Јувентус продолжува со максималниот ефект во Серија А, триумфирајќи убедливо со 3-0 против Киево и во третата рунда натпревари од шампионатот.

Домашните победата ја најавија уште во 17. минута од средбата преку автоголот на Хетемај.

Во вториот дел на 2-0 зголеми Игуаин во 59. минута, а во 83. минута Дибала ги постави конечните 3-0.

Juventus 2-0 Chievo 09/09/2017 Gonzalo Higuain… by FootballHG
Paulo Dybala Goal HD – Juventus 3-0 Chievo – 09… by livefutbolll

По три кола, Јувентус со максимални 9 бода е на врвот од табелата пред Интер, Наполи, Милан и Сампдорија кои имаат по 6 бода од првите два меча.

Се вчитува...