Јувентус ја донесе конечната одлука – Позната е иднината на Пирло

Јувентус потврди дека Андреа Пирло ќе остане тренер на „Старата дама“ барем до крајот на сезоната. По вчерашниот пораз од Милан во Торино со 3-0, Јувентус сега се наоѓа на петтото место, па нивниот пласман во Лигата на шампионите сериозно „виси на конец“.

Италијанските медиуми пишуваа дека Пирло може да биде отпуштен денес и дека неговиот асистент Игор Тудор ќе го води тимот до крајот на сезоната. Сепак, по повеќе од еден час дискусија на крајот била донесена одлука „старата дама“ да не прави тренерска смена пред самиот крај на сезоната. Ова значи дека „црно-белите“ ќе го задржат Пирло на последните три првенствени натпревари против Сасуоло, Интер и Болоња, во кои Јувентус има императив да стигне најмалку до четвртото место кое води во ЛШ.

Пирло може да ја подобри ситуацијата до одреден степен со освојување на Купот на Италија. Јувентус во големото финале ќе се сретне со Аталанта, меч закажан за 19 мај.

Нема дилема дека на крајот од сезонава ќе дојде до промена на кормилото на Јувентус, а главни фаворити за нов тренер на „старата дама“ се Масимилијано Алегри и Зинедин Зидан.

Се вчитува...