Јувентус ја „потцени“ Џенова, па мораше да се спасува во продолженија (ВИДЕО)

Јувентус ја совлада Џенова со 3-2 и се пласираше во четвртфиналето во Копа Италија. Старата дама одлично го почна натпреварот и со головите на Дејан Кулушевски и Алваро Мората веќе во 23. минута имаше предност од 2-0.

Сепак, дојде до големо опуштање кај домаќините кои го потценија противникот по што следуваше голем шок. Прво Чибора во 28. минута намали на 2-1, додека Мелегони во 74. со неверојатен погодок успеа да го одведе мечот во продолженија.

Андреа Пирло во игра мораше да го уфрли и Кристијано Роналдо, а на крајот ги спасуваше младиот Тунижанец Хамза Рафиа кој стрелаше во 104. минута.

Kaпитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев не беше дел од тимот на Џенова на овој дуел.

Се вчитува...