Јувентус ја воодушеви Италија: Не сакаме таква титула!

Дури и во ситуација кога земјата се соочува со повеќе од 100.000 заболени од коронавирусот, но и тендеција за дополнителен раст на бројката, Италија и натаму е загрижена за националната светост – Серија А. Во сета трагедија која ги затекна Апенините, едно од главните прашање е кога ќе продолжи фудбалскиот шампионат прекинат поради Ковид-19.

На 12 натпревари пред крајот Јувентус е водечки, со бод повеќе од Лацио, додека Интер има девет бода и еден натпревар помалку од лидерот. Со оглед на ужасната ситуација во која е земјата, како еден од моделите за решение на прекинатата сезона предложено е шампионот на сезоната 2019/2020 да биде прогласен врз основа на актуелната состојба на табелата. Но, Јувентус остро се спротистави на тоа.

„Не сакаме титула освоена на зелена маса. Трофеј на таков начин нема да прифатиме“ – порачуваат од раководството на Јувентус.

„Црно-белите“ истакнуваат дека битката за 36-та титула сакаат да ја продолжат на терен кога за тоа ќе се создадат услови.

 

Се вчитува...