Јувентус со радикални мерки ќе ја спасува сезоната

Во Јувентус не „цветаат ружи“, тимот не се прилагоди на играта на Пирло, во моментот Јуве се наоѓа на четвртата позиција на табелата во италијанското првенство, шест бода зад лидерот Милан. „Црно-белите“ изгубија значителни бодови против Верона, Кротоне и Веневенто, во живот се одржуваат со головите на Роналдо и Мората, но добри игри на само два играчи не се доволни за освојување на титулата.

Лошата ситуација ќе го примори италијанскиот состав на радикана мерка за нив, трошење на пари во јануарскиот трансфер рок. Јувентус ќе се обиде да се ослободи и од некои играчи како Сами Кедира и Федерико Бернадески со што би се собрале доволно средства за нови засилувања.

На радарот на Јуве и понатаму е Аркадиуш Mалик како опција за засилување на нападот, како и Пол Погба, за кој Италијанците би го Пауло Дибала во Манчестер Јунајтед. Двата играчи се во слична ситуација, имаат 18 месеци до крајот на договорот, а се резерви во своите клубови. Проблем во овој случај би бил само платата, која на Французинот е дупло поголема од онаа на Аргентинецот.

Враќањето на Пол Погба во Торино во јавноста се гледа како решение за проблемите на Пирло со што Јувентус конечно би заиграл на претпознатливото ниво од претходните сезони.

Се вчитува...