Јувентус му го препушта Погба на Реал Мадрид

Реал Мадрид останува единствениот во конкуренција за Пол Погба откако Јувентус реши да се повлече од трката и да си бара друг играч за средниот ред. Потпретседателот на италијанскиот шампион, Павел Недвед го информирал агентот на Погба, Мино Раиола дека Јувентус веќе не е заинтересиран за францускиот репрезентативец. За да го добие Погба, Реал ќе треба да плати околу 150 милиони евра.

Погба замина со Манчестер Јунајтед за Австралија на претсезонската турнеја. Тој неодамна изјави дека е подготвен за нов предизвик во кариерата, додека најупорен околу неговиот трансфер е агентот Раилоа кој инсистира дека Французинот ќе замине од „Олд Трафорд“.

Погба има уште две сезони од договорот со Јунајтед. Пред два дена, менаџерот Оле Гунар Солскјер изјави дека се надева оти  Погба ќе остане уште најмалку една сезона.

 

Се вчитува...