Јувентус му нуди нов договор на Алекс Сандро

Италијанскиот првак Јувентус нема намера така лесно да се откаже од услугите на левиот бек Алекс Сандро, за кого се заинтересирани нколку клубови од Премиер – лигата, како и францускиот ПСЖ. Раководството на „старата дама“ подготвува нов договор за Бразилецот, со кој би останал во Торино и во наредните пет години. Секако, Алекс Сандро би добил и значително зголемување на годишната плата која би изнесувала 5 милиони евра по сезона.

Антонио Конте, менаџерот на Челси, е најзагреан за ангажман на Алекс Сандро, и тој е подготвен да му понуди годишна плата од 6 милиони евра. Сега останува на самиот фудбалер да одлучи дали сака да остане во Италија, или да се пресели во Премиер – лигата.

Се вчитува...