Јувентус „на среќа“ се пласираше во полуфиналето од Купот на Италија

Јувентус се пласираше во полуфиналето од Купот на Италија откако на домашен терен славеше над Сасуоло со 2-1. „Старата“ дама прва поведе преку одличниот гол на Дибала во 3. минута од мечот, но славејто на домаќините траеше 21 минута откако Траоре со евро гол изедначи на 1-1.

Натпреварот беше на прагот на продолжение, но тогаш на сцена настапи Душан Влаховиќ. Србинот одлично се откри и доби долга топка во простор, а откако со еден дриблинг го исфрли противничкиот играч се најде во шестнаесетникот каде стрелаше кон голот, а топката која го промени правецот откако удри во стоперот на гостите го изненади Пегало на голот и се протна во мрежата.

Одличниот удар на Дибала за водство од 1-0 можете да го видите ТУКА. Евроголот на Траоре ТУКА, а среќниот погодок на Влаховиќ ТУКА.

Се вчитува...