Јувентус најголемото засилување го договорил за лето?

Јувентус имаше одличен зимски преоден рок, ама веќе уште од сега се подготвува и за летниот трансфер преоден рок. Со доведување на Душан Влаховиќ и на Денис Закарија, Јувентус доби засилувања таму каде што е најпотребно.

Според најавите од Италија, „Бјанконерите“ веќе влегле во фаза на нов звучен трансфер кој ќе одекне како „бомба“ на Апенините.

Јувентус веќе почнал преговори за ангажман на Николо Заниоло, еден од најдобрите играчи во Серија „А“, со што најтрофејниот италијански клуб добива засилување во офанзивниот дел од средниот ред за во иднина.

Италијанскиот репрезентативец многу му се допаднал на Максимилијан Алегри, и затоа еден од приоритетите во летниот преоден рок.

Се вчитува...