Јувентус плаќа 105 милиони евра за Хари Кејн?

Раководството на Јувентус е заинтересирано за услугите за еден од најдобрите напаѓачи во светот, Хари Кејн. Одличниот Англичанец веќе подолго време се поврзува со заминување од Тотенхем, тим со кој минатата сезона стигна до финалето од Лигата на шампионите.

Кејн смета дека е време да направи нов чекор во кариерата и да премине во тим кој е конкурентен за освојување на трофеи во сезоната.

Тотенхем за Кејн ќе бара 105 милиони евра, сума која е подготвен да ја исплати италијанскиот шампион. Покрај Јувентус за услугите на Англичанецот е заинтересиран и Реал Мадрид.

Се вчитува...