Јувентус почнува да го користи „хаосот“ во Челси

Британската влада го замрзна целиот имот на рускиот милијардер Роман Абрамович, вклучувајќи го и тимот на Челси. Така во моментов Русинот ниту може да го продаде, ниту некој друг да го купи клубот, иако тимот ќе функционира нормално.

Веќе се најавува голем егзодус од лондонските „сини“, а Јувентус чека шанса да ангажира двајца играчи на овој тим.

Едниот од нив е Антонио Ридигер, кој одбива да потпише нов договор, и многу веројатно е дека ќе си замине на лето како слободен агент. Вториот играч кој би го сакал Јуве е италијанскиот репрезентативец од средниот ред Жоржињо.

Ридигер се гледа како партнер на Де Лихт во одбраната. Покрај овие двајца, Јуве исто така би можел да тргне и по Пулишиќ. Чечси во следниот период ќе стане еден од тимовите од каде ќе се купуваат играчи, со оглед на ситуацијата во клубот и санкциите кон Абрамович и замрзнувањето на имотот.

Се вчитува...