Јувентус подобар од Џенова, Пандев влезе во 58. минута (ВИДЕО)

Нов разочарувачки натпревар за Андреј Шевченко на клупата на Џенова. Тој на трет натпревар по ред губи со својот тим, а неговите избраници не постигнуваат гол.

Вечерва во Торино, Јувентус победи со 2-0, а имаше уште многу шанси да слави поубедлив триумф, но Сиригу на голот беше одличен, иако прими гол од корнер уште во 9. минута. Квадрадо директно од ударот од аголот успеа да го совлада Сиригу и да донесе водство за Јуве.

После тоа Сиригу се разбуди, и бранеше се што можеше да одбрани, се до 82. минута кога конечно капитулираше пред Дибала. Со тоа беше ставена точка на мечот.

Пандев почна од клупата, влезе во 58. минута, но не придонесе за поволен резултат од ова гостување во Торино.

Се вчитува...