Јувентус барем привремено се искачи на четвртото место на калчолигашката табела откако „старата дама“ по голема борба успеа да стигне до цел плен на гостувањето против Комо (1-2).
Во главна улога повторно беше Коло Муани, француското засилување од ПСЖ кое како и минатиот викенд против Емполи повторно постигна два гола за „старата дама“ носејќи значајни три бода за најтрофејниот италијански клуб.
Првиот гол беше вистинско ремек-дело по соло-пробив, што Муани го круниса со прекрасен удар под гредата за предност од 0-1. Коми израмни пред самиот крај на првото полувреме, а резултатот гласеше 1-1 се до 85. минута, кога домашниот голман неспретно реагираше удирајќи го во главата Гати по еден центаршут, што резултираше со пенал што Коло Муани го претвори во победнички гол за Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА