Каков „ѕвер“ донесе Јуве: Ремек-дело на Коло Муани (видео)

Јувентус мака мачеше со ефикасноста во првиот дел од сезоната, но ситуацијата целосно се промени откко „старата дама“ го доведе Коло Муани на позајмица од ПСЖ.

Францускиот ас дебитираше со гол против Наполи, постигна уште два погодоци на последниот триумф со Емполи, а во ист стил продолжи и на вечерашното гостување во Комо.

Овој гол се чини е и најубав досега за Французинот во дресот на Јуве, откако зеде топка на 40 метри од противничкиот гол, беше осамен без ниту еден соиграч во близина, но успеа да си создаде позиција, а потоа и мајсторски да стрела под гредата.

Овој извонреден погодок на Коло Муани за водство на Јуве во Комо можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...