Дел Пјеро верува во „Старата дама“: Јувентус повтoрно ќе доминира поради Влаховиќ

Трансферот на Душан Влаховиќ од Фиорентина во Јувентус е најскапиот трансфер во зимскиот преоден рок. За услугите на српскиот репрезентативец беше заинтересирана „пола Европа“, но на крајот младиот голгетер се одлучи да остане во Италија.

Со ангажманот на Влаховиќ, тренерот Алегри доби ново младо засилување за долги стази, а легендата на клубот, Алесандро Дел Пјеро смета дека токму Србинот ќе биде џокерот на „старата дама“ за нова доминација во иднина.

„Јувентис се навикна на доминантна игра со која противникот го тераше да ја бара својата шанса преку контранапад, која не успеа да ја одржи во последно време. Но, тоа ќе се промени сега кога тука е Душан. Јувентус повтроно ќе доминира поради Влаховиќ, тој ќе донесе квалитет во пресингот и ќе се бори за секој топка. Доколку правилно го изведува тоа што го правеше во Фиорентина знам дека ќе постигне многу голови за Јувентус. Макс Алегри го најде балансот во првиот дел од првенството, а сега ќе може да креира и многу повеќе шанси. Сега шансите за пласман на место кое води во ЛШ следната сезона се многу поголеми“, изјави Дел Пјеро.

Се вчитува...