Со победата од 2-0 над Удинезе на свој терен, екипата на Јувентус е првиот тим кој се пласираше во 1/4 финалето на Купот на Италија. Избраниците на Лучијано Спалети целосната доминација ја крунисаа со триумф, и со пласман меѓу најдобрите осум тима во Купот.
Јувентус одлично го почна мечот со две добри шанси преку Кенан Јилдиз, но промена на резултатот во 11. и во 21. минута немаше. Затоа во 23. минута Јувентус поведе преку Дејвид, кој најдобро се снајде во казнетиот простор и го совлада голманот на Удинезе.
Само што почна вториот дел Удинезе имаше прилика да се врати преку Заниоло, но неговиот удар заврши за малку крај голот. Во 68. минута пенал за Јувентус кој го искористи Локатели шутирајќи по средината на голот, и ги донесе „бјанконерите“ во предност од 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

