Јувентус сака да го „украде“ Зиелински како Игуаин

Италијанскиот првак Јувентус се откажа од намерата за купување на Сергеј Милинковиќ – Савиќ и се фокусира на фудбалер на Наполи. Полјакот Пјотр Зиелински треба да биде следниот удар на „старата дама“ за Наполи, по ангажманот на Гонзало Игуаин.

За Зиелински интерес покажува и англискиот премиерлигаш Ливерпул, но раководството на Јувентус е сигурно дека може да го убеди Зиелински да се пресели во Торино. За тоа веќе се подготвени 65 милиони евра. Полскиот интернационалец има клаузула во договорот, и за таа сума може без проблеми да замине во друга средина.

Наполи се обидува да го обнови договорот и да ја зголеми отштетната клаузула, но очигледно дека и Пјотр Зиелински сака да го облече дресот на „старата дама“ од почетокот на следната сезона.

 

Се вчитува...