Јувентус сака млада крв, нуди 80 милиони евра за Џејдон Санчо

Италијанскиот првак Јувентус размислува за нови засилувања. По ангажманот на португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо, раководството на клубот посакува и млада крв во навалната линија. Тренерот Масимилијано Алегри го „пикира“ Џејдон Санчо, младиот англиски интернационалец кој блесна во полн сјај во дресот на германскиот бундеслигаш.

Младиот 18-годишен крилен напаѓач дојде од Манчестер сити за само 10 милиони евра, и за само неколку месеци неговата цена скокна вртоглаво, до фантастични 80 милиони евра. Толку е подготвен да плати Јувентус за да го доведе во Торино следното лето.

Санчо одигра 23 натпревари во дресот на „милионерите“ и досега има постигнато пет погодоци.

Се вчитува...