Остана ли здрав напаѓач во Јувентус?

Јувентус ја запиша и втората победа во низа откако славеше на домашен терен против Сампдорија со 3-2, но во сенка на новите три бода останаа повредите на Пауло Дибала и Алваро Мората кои со сигурност ќе го пропуштат дуелот од Лигата на Шампионите против Челси, потврди Масимилијано Алегри.

Аргентинскиот напаѓач кој го отвори натпреварот со гол во 10. минута мораше да го напушти теренот 11. минути подоцна, а најавите се дека повредата воопшто не е наивна и го чека подолго отсуство од теренот. Слично беше и со Алваро Мората кој одигра 82. минути на денешниот меч, но нема да биде во комбинација за мечот против „сините“ во среда.

Кеан би требало да биде стартер против Челси, а останува да се види и состојбата на Киеза, кој се мачи со повреда од стартот на сезонава и не може да врзе два натпревари во серија.

Со денешната победа торинскиот клуб се искачи на деветото место во Серија А со осум освоени бода, три повеќе од Сампдорија која е на 14. место, но и осум бода помалку од лидерот на табелата, Милан.

Се вчитува...