Кристијано Роналдо и Алваро Мората се неверојатен и „убиствен“ тандем во Јувентус, а тоа значи дека Пауло Дибала (27), Аргентинецот беше МВП на минатата сезона во Серија А, но во последните месеци има се помалку има шасни и надеж да остане во таборот на „старата дама“.
Аргентинецот е во тивка „војна“ со управата која не сака да му го даде договорот што тој смета дека го заслужува. Според италијанските новинари, Дибала бара помеѓу 15-20 милиони евра по сезона, а Јувентус нема намера да ја зголеми сегашната бројка од над десет милиони евра. Ова може да значи и крај на љубовта помеѓу Дибала и Јувентус, кој во клубот пристигна во 2016 година од Палермо.
Дибала нема премногу избор, едната опција е да ја прифати понудата од Јуве, а другата е да го напушти клубот следното лето. Сериозен интерес постои од Манчестер Јунајтед, а во трката би можела да се влучи и Барселона, особено доколку си замине Лионел Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА