Јувентус тоне, зaгуби повеќе од 100 милиони евра за половина година, започнува продажба!

Италијанскиот гигант Јувентус објави дека за само шест месеци долговите се зголемени за неверојатни 113 милиони евра. Приходите на актуелниот шампион на Италија изнесуваат 258,3 милиони евра, што е многу помалку во споредба со истиот период минатата година, кога клубот заработи 322,3 милиони евра.

Јувентус ги зголеми загубите во последните шест месеци на 113,7 милиони евра, што може да се објасни со влијанието на кризата предизвикана од Ковид-19. На зголемувањето на долгот придонесе и фактот дека Јувентус, за разлика од многумина, не ги намали платите на играчите и стручниот штаб поради пандемијата, но се чини дека и тоа може да се случи.

Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус ќе биде принуден да продаде некои важни играчи на лето за да ги надомести загубите. Јуве, се разбира, избегнува да продава квалитетни играчи, но тие дефинитивно ќе мора да донесат одлука, а клубот има многу играчи на списокот што ги бараат многу европски великани, па несомнено ќе има трансфери во заминување на крајот од тековната сезона.

Се вчитува...