Јувентус веќе го најде наследникот на Дибала, четврток е денот „Д“

За Јувентус четврток ќе биде денот „Д“ за слу.чајот со Дибала. Неговиот агент Хорхе Антун е во Торино и се чека да се види дали ќе постигне договор за продолжување на соработката со „Старата дама“.

Според последните информации Јувентус на Аргентинецот ќе му понуди околу седум милиони евра кои би стигнале до десет со одредени бонуси. Таквата понуда е помалку од она што го очекува Дибала. Во Јувентус се спремни парите да ги врзат со одиграните натпревари на Дибала. Причина за тоа се повредите кои ги има Аргентинецот.

Во овие моменти Дибала повторно се рехабилитира од повреда и нема да биде во составот против Сампдорија, Алегри сака да биде спремен за Виљареал. Меѓутоа во Италија пренесуваат и дека Интер го контактирал Дибала и понудата од Марота била 7.5 милиони евра за договор на четири години (Јувентус му нуди три).

Се вчитува...