Јувентус во јануари со нова понуда за Иско

Италијанскиот првак Јувентус во зимскиот преоден рок повторно ќе се обиде да го доведе шпанскиот репрезентативец Иско Аларкон во Торино. Тој е голема желба на тренерот Маурицио Сари, преговори имало и во текот на летото, но на крајот фудбалерот за врска остана на „Сантијаго Бернабеу“. Раководството на „старата дама“ ја разгледува можноста за нова понуда која ќе биде испратена во Мадрид на почетокот на јануари.

Според италијанските медиуми, Јувентус е подготвен да плати 80 милиони евра за ангажман на Иско. Фабио Паратичи веќе имал првични разговори за новата понуда и најавил дека конкретната сума ќе биде ставена на маса на самиот старт на зимскиот преоден рок. Реал Мадрид летоска бараше 90 милиони евра за да му дозволи трансфер на шпанскиот репрезентативец.

Се вчитува...