Јувентус вози без грешка, се разбуди Рома, се разигра и Наполи

Италијанскиот првак Јувентус и понатаму игра без грешка во Серија А. „Старата дама“ ја оствари шестата победа во исто толку натпревари, а овојпат жртва беше Болоња. Пауло Дибала го отвори резултатот, а Блес Матуиди го постигна вториот гол за тимот на Масимилијано Алегри.

Рома конечно се разбуди и го декласира Фросиноне со 4-0. Ченгис Ундер го постигна првиот погодок во втората минута, а потоа до крајот на првиот дел стрелаа и Хавиер Пасторе и Стефан Ел Шарави. Во финишот и Александар Коларов погоди во целта.

Наполи со 3-0 славеше на домашен терен против Парма. Инсиње прв погоди, а потоа Милик двапати стрелаше во мрежата на Парма.

Горан Пандев беше стрелец на погодок, а Џенова го совлада Киево со 2-0.

Резултати Италија: Рома – Фросиноне 4-0, Аталанта – Торино 0-0, Калјари – Сампдорија 0-0, Џенова – Киево 2-0, Јувентус – Болоња 2-0, Наполи – Парма 3-0.

Се вчитува...