Јувентус закажа полуфинале со Интер

Јувентус без многу мака триумфираше на четвртфиналниот меч од Купот на Италија против СПАЛ, совладувајќи ја второлигашката екипа со 4-0 и обезбедувајќи си полуфинална пресметка со Интер.

Тренерот Пирло реши да одмори дел од првотимците, Роналдо не се најде ниту на клупата за резерви, но „старата дама“ и со ослабен состав лесно стигна до победата. Резултатот на самиот почеток го отвори Мората со прецизно изведен пенал, а на 2-0 зголеми левиот бек Фрапота со својот прв гол во дресот на Јувентус во кариерата.

На 3-0 во второто полувреме зголеми Кулушевски, а конечните 4-0 во судиското продолжение ги постави Киеза.

Се вчитува...