Јувентус застана со поддршка за Роналдо во „случајот силување“

Италијанскиот првак Јувентус отворено ја изрази својата поддршка за Кристијано Роналдо по повод повторното отворање на „случајот силување“. 33-годишниот Португалец е под сомнение дека во Лас Вегас извршил насилен сексуален акт над 34-годишната Катрин Мајорга. Ова се случувало во 2009 година, а Американката сега повторно одлучи да проговори за скандалот и ангажираше врвни адвокати. На Роналдо му се заканува дури и доживотен затвор.

Јувентус, очекувано, застана во негова одбрана.

„Кристијано Роналдо покажа во последните месеци неверојатен професионализам и залагање, и тоа е високо оценето од сите во Јувентус. Сомнежите кои се појавуваат од пред 10 години нема да го променат нашиот однос кон големиот шампион“, истакнаа од Јувентус.

По најновите случувања, големите спонзори на Роналдо, „Најк“ и „ЕА Спортс“, сериозно се загрижени за неговото реноме и истакнаа дека ќе ја разгледаат понатамошната соработка.

 

Се вчитува...