Јужна Кореја не се посрамоти против Белорусија

Репрезентацијата на Белорусија стигна до рутински триумф против Јужна Кореја од 32-24 во второто коло од Х групата на Светското ракометно првенство во Египет.

По катастрофата која ја доживеа Б-тимот на Кореја во првото коло против Словенија, тие денеска пружија далеку поголем отпор и не дозволија уште еднаш да бидат понижени. Во првото полувреме Белорусите успеаја да побегнат на шест гола разлика 15-9, а до крајот само рутински го приведоа мечот за прв триумф на шампионатот.

Ваилупау со 8 гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај Корејците Ким постигна ист број.

Се вчитува...