Јужноамериканските репрезентации од 2024 ќе бидат дел од Лигата на нации

Репрезентациите од Јужна Америка од 2024 година ќе се приклучат на натпреварувањето на УЕФА, Лигата на нации, пренесуваа американскиот ЕСПН. КОНМЕБОЛ и УЕФА постигнале договор за соработка од следното издание на ова натпреварување, а сите натпревари би требало да се играат во Европа.

Оваа одлука би го зголемила квалитетот на натпреварувањето, а репрезентациите од Јужна Америка би добиле поголем број квалитетни натпревари. Македонија вчера ги доби противниците за изданието 2022 година во сегментот Ц каде ќе игра против Бугарија, Грузија и Гибралтар.

 

 

Се вчитува...