Каде ли ја загуби Мурињо среќата? ВАР и одзема победа на Рома против Џенова

Фудбалерите на Рома одиграа само 0-0 против Џенова во наптревар од 24. коло во италијанската Серија А. Иако домаќините го имаа поседот и играта не успеаја да го загрозат голот на гостите и на крајот мораа да се задоволат само со бод од овој дуел.

Во 91. минута Заниоло постигна гол, но тој беше поништен по консултација со ВАР поради фаул. Oва наиде на нервоза кај домашните фудбалери по која токму Заниоло доби директен црвен картон.

Рома со овој бод останува на шестото место на табелата со 39 бода, додека Џенова е претпоследна со 14 бода.

 

 

 

Се вчитува...