Тотенхем денеска го официјализираше трансферот на Савињо, бразилскиот крилен играч што доаѓа во лондонскиот клуб од редовите на Манчестер Сити за сума од 100 милиони евра.
„Спарси“ повеќе од една година го следеа Бразилецот, а „граѓаните“ го искористија тоа за максимално да ја набилдаат неговата цена, наплаќајќи вистинско богатство за играч што воопшто не беше стандарден првотимец во последните две години.
Сити плати 30 милиони фунти за да го доведе Савињо од Џирона, но во претходните три сезони овој играч одигра само 52 средби севкупно во сите натпреварувања, притоа постигнувајќи два погодоци.
И сега, „сино-белите“ одлично заработија прифаќајќи над 80 милиони фунти вредна понуда за Савињо, сума повисока од онаа што ја добија од продажбата во Барселона на Родри, МВП фудбалерот од последниот мундијал.
Трендот на „пумпање“ на цените очигледно зема неверојатен замав, штом Савињо стана играч од 100 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
